Достапни линкови

logo-print

Двајца полицајци загинаа во двоен самоубиствен напад во Багдад


Ирачките власти соопштија дека во двоен самоубиствен напад на полициска станица во предградие на Багдад, загинале најмалку двајца полицајци.

Денешниот напад доаѓа еден ден по најсмртоносното насилсвто во ирачкиот главен град оваа година, кога загинаа 93 лица и 165 беа повредени во серијата бомбашки напади извршени од страна на групата на Исламската држава.

Милитантите на ИД исто така ја преземаа одговорноста за денешниот напад во западното предградие Абу Граиб.

Претставник на полицијата изјави дека првиот бомшаш самоубиец се разнесол на влезот на станицата, а вториот го детонирал експлозивот внатре во зградата. 12 полицајци се повредени.

XS
SM
MD
LG