Достапни линкови

Проруските власти на Крим ја блокираа веб - страницата на РСЕ


RFE logo transparent primary

RFE logo transparent primary

Проруските власти на украинскиот Полуостров Крим го блокираа пристапот до информативната веб - страница на кримскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Интернет корисниците во Украина и на Крим денеска се пожалија дека страницата е недостапна.

Во писмената изјава на веб-сајтот се вели: „Пристапот е одбиен, откако страницата е додадена на листата на забранети.“

„Ова е агресивен акт и скандалозен изговор на екстремизмот да цензурира и да ја спречи публиката во Русија и на Крим да ја дознае вистината за анексијата“, изјави денеска главниот и одговорен уредник на РСЕ, Ненад Пејиќ.

„Ние го осудуваме [блокирањето] како напад врз работењето на РСЕ и врз правото на јавноста до слободен пристап на информации“, рече Пејиќ.

Обвинителката на Крим, Наталија Поклонскаја изјави дека рускиот интернет регулатор спроведе мерки за блокирање и затворање на сајтот.

Но, портпаролот на регулаторот рече дека била блокирана само една страница на веб - сајтот, односно интервјуто со лидерот на управувачкото тело на кримските Татари – Мехлис, кое Врховниот суд на Крим во април го прогласи за екстремистичка организација.

XS
SM
MD
LG