Достапни линкови

Вучиќ апелира на избегнување насилство во Бања Лука


Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ побара од политичките лидери на Босна и Херцеговина да спречат насилство на уличните протести закажани за 14 овој месец. Опозицијата и владејачката партија во Република Српска ги повикаа приврзаниците на протести во Бања Лука пред локалните избори што треба да се одржат во октомври годинава. Опозицијата ќе протестира против невработеноста и корупцијата, додека владејачката партија ги повика луѓето да и дадат поддршка на политиката на владата. Вучиќ изјави дека, според разузнавачки извори, протестите би можело да бидат насилни. „Не ни требаат конфликти. Мирот и стабилноста се клучни услови без кои Србија не може да има напредок“, изјави Вучиќ.

XS
SM
MD
LG