Достапни линкови

ММФ: Корупцијата годишно голта 2 насто од светското богатство


Корупцијата годишно голта над два насто од вкупното светско богатсво, се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд. „Корупцијата е сложен феномен кој му одолева на времето“, се оценува во извештајот објавен пред денешниот самит за борба против корупцијата во Лондон на кој ќе учествуваат шефови на држави и влади на четириесетина земји. На мито секоја година се троши околу 2 илјади милијарди долари, што е еднакво на бруто домашниот производ на Франција, стои во извештајот во кој се наведува дека корупцијата поттикнува избегнување на даноците и води кон насислтва и граѓански војни чии последици се катастрофални и предизвикуваат трајна макроекономска нестабилност.

XS
SM
MD
LG