Достапни линкови

Времето денеска: сончево со повремен дожд


Во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови најпрвин од запад, а потоа и насекаде ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен претежно јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од шест до 13, а максималната од 20 до 27 степени. На повеќе места ќе паднат и повеќе од 20 литри на метри квадратни за 24 часа, а можна е и појава на невреме проследено со појава на град. Во Скопје претпладне со мала до умерена облачност, а во попладневните часови со услови за нестабилност и појава на краткотраен пороен дожд проследен со грмежи. Минималната температура до 11, а дневната ќе достигне до 24 степени.

XS
SM
MD
LG