Достапни линкови

Денешниот протест е против аболицијата


Неколку илјади граѓани и денеска демонстрираат во Скопје, а фокусот на протестите овојпат е аболицијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов, па затоа беше планирано маршот да се одвива до претседателската резиденција на Водно со парола " Шарената револуција не признава фикус аболиција". Меѓутоа, силно полициско обезбедување не им дозволи на демонстрантите да дојдат до резиденцијата, па граѓаните се собраа недалеку од објектот.

Насобраните истакнаа голема фотографија од претседателот Иванов и ја гаѓаа со балони полни со боја, а беа запалени и неколку фотографии со Иванов и со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Некои од демонстрантите им се обраќаат на граѓаните, кои извикуваат „Оставка, оставка“, а во позадина се пуштаат извадоци од таканаречените „бомби“ на опозицијата.

XS
SM
MD
LG