Достапни линкови

Разговори за одржување локални избори во источна Украина


Министрите за надворешни работи на Германија, Русија, Украина и Франција се сретнаа во Берлин да дискутираат како да се направи напредок околу договорот за прекин на огнот во источна Украина, поради кревкото примирје.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави дека ќе се заложи за постигнување на договор за одржување на локални избори во источните области на Украина кои се контролирани од проруските сепаратисти, пред истекувањето на санкциите кон Русија во јули.

Во борбите меѓу про-руските сепаратисти и украинските владини сили од април 2014 година загинаа околу 9.300 луѓе.

XS
SM
MD
LG