Достапни линкови

logo-print

Протест пред СЈО, демонстрантите бараат итно повлекување на аболицијата


Граѓани и денеска се собираат на протест пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а во моментов таму има неколку стотици демонстранти.

Фокусот на денешните протести е аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, а се очекува во секој момент да тргнат да маршираат до претседателската резиденција на Водно.

Нивните денешни барања се, како што велат, вистинските криминалци да одат во затвор“, се вели во најавата на граѓанското движење „Протестирам“ на социјалните мрежи.

„Бараме итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство“, се вели во најавата.

XS
SM
MD
LG