Достапни линкови

Гарет: Политичките лидери да постигнат договор на кредибилен начин


Пролонгираната несигурност за тоа како политичките лидери ќе ја решат политичката криза и натаму претставува голема грижа за социјалната, безбедносната и економската благосостојба на земјата, изјави британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

„Итно е потребно лидерите да постигнат договор на кредибилен начин за напредок, а за тој да биде кредибилен и одржлив треба да биде решено претседателското помилување на начин кој ќе го штити владеењето на правото. Тоа вклучува обозбедување на правна одговорност за сите граѓани“, вели Гарет.

XS
SM
MD
LG