Достапни линкови

САД да го објави поставувањето на европскиот противракетен систем


Се очекува САД на 12 мај официјално да го објави поставувањето на европскиот противракетен систем и покрај противењето на Русија.

Претставници на САД и на НАТО ќе се сретнат во Романија за да го инаугурираат поставувањето на пресретнувачот на проектили, како дел од големиот штит, за кој Вашингтон вели дека е неопходен против балистичките проектили на Иран.

Русија стравува дека штитот може да се користи против Москва и оти ќе ја наруши регионалната стратегиска рамнотежа.

САД на 13 мај исто така ќе започне со изградба на втора локација за поставување на противракетен систем во Полска, која треба да биде завршена до 2018 година.

XS
SM
MD
LG