Достапни линкови

Најмалку 11 загинати во експлозија во Авганистан


Илустрација.

Илустрација.

Во напад со автомобил бомба во источен Авганистан загинаа најмалку 11 луѓе и десетици се повредени. Властите во провинцијата Нангахар денеска соопштија дека милитнтите ја детонирале бомбата во близина на куќата на провладиниот племенски лидер Малик Дехкан, во областа Назјан.

Во соопштението се додава дека Дехкан, кој исто така е предводник на антиталибанска милициска група, е меѓу 23 лица кои се повредени при експлозијата.

„Племенскиот старешина Малик Дехкан ги охрабрува луѓето да се приклучат во бунтот преотив борците на групата на ИД и Талибанците во областа“ изјави портпаролот на провинциската влада.

Владата опремува со оружје и со тренинг стотици провинциски жители за да се борат против милитантите.

XS
SM
MD
LG