Достапни линкови

Десетици загинати во експлозија во Багдад


Илустрација.

Илустрација.

Ирачките власти соопштија дека бројот на жртвите, од силната експлозија на автомобил бомба во шиитската населба во главниот ирачки град, е зголемен на најмалку 29 загинати лица.

Експлозијата погоди преполн отворен пазар во источната област Садр Сити во Багдад. Групата на Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот, а ирачката полиција соопшти дека стравуваат дека бројката на жртвите можно е да биде уште поголема.

Неколку автомобили и околни згради беа многу оштетени.

Во онлајн соопштение групата на Ислмаската држава вели дека стои зад нападот, опишувајќи го како самоубиствен чија цел била шиитската милиција.

Сунитските екстремисти, кои се уште контролираат големи области од северен и западен Ирак, често таргетираат шиитски области.

XS
SM
MD
LG