Достапни линкови

logo-print

Протестите ќе донесат промени на политичката сцена


Политичката сцена во иднина ќе изгледа поинаку. Движењата и вонпарламентарните партии кои сега протестираат на избори може да се групираат или да се приклучат на некоја партија, па може да се случи да произлезе нова политичка сила.

Шарената револуција нуди опции за појавување нови политички партии кои во иднина може да овозможат поместувања и промени на политичката сцена во правец на подемократски и поотворен систем, велат експертите.

Аналитичарот Соња Стојадиновиќ вели дека во секој случај политичката сцена во иднина ќе биде поразлична и укажува дека во Шарената револуција веќе има политика партија која го зацврснува своето влијание.

„Нова политичка партија веќе е излезена уште пред да почнат протестите, а тоа е Левица. Така што проблемите кои се појавуваат и кои демонстрантите ги пласираат Левица веќе ги прима, а понатаму ќе видиме како таа партија ќе се развива, што ќе понуди, не само како економски и политички решенија туку и како кадар“, вели Стојадиновиќ.

Професор Мирјана Малеска вели дека од движењата кои со недели излегуваат на улица и го изразуваат незадоволството може само на избори да се случи да произлезе нова политичка сила. Кога еден ден ќе се создадат услови да се одржат избори веројатно ќе се групираат овие движења или може ќе се приклучат на некоја партија, а некои веќе и формираа своја партија, вели Малеска. Таа очекува дека ќе има нова политичка конфигурација исто и кај Албанците и оти сè зависи од резултатите на изборите.

Ако се чесни, фер и демократски изборите може да има некоја промена и нова политика конфигурација на други политички сили, а не на овие што сега се на власт и тогаш ќе почне еден процес на преговори меѓу албанските политички партии и македонските.

„Ако се чесни, фер и демократски изборите може да има некоја промена и нова политика конфигурација на други политички сили, а не на овие што сега се на власт и тогаш ќе почне еден процес на преговори меѓу албанските политички партии и македонските. Тука гледам поместување и во правец на еден подемократски поотворен систем, секако ќе има промени“, вели Малеска.

Како важен услов за формирање повлијателни политички опции кои би произлегле од Шарената Револуција, аналитичарот Ибрахим Мехмети ја нагласува потребата учесниците да кажат до која точка се сложуваат нивните барања, иако тие имаат можеби иста крајна цел, а тоа е незадоволство од актуелната власт по објавувањето на нелегално прислушуваните материјали.

„Ако зборуваме за Шарената револуција секако дека таму има веќе енергија и субјект кој е активен учесник во тој процес, тоа е Левицата. Постои таква можност, но во ова движење внатре во Шарената револуција имам впечаток дека постојат различни сфаќања како да се оди понатаму. Сепак мислам дека не толку блиску до таков момент“, вели Мехмети.

И Албаниците од вонпарламентарната опозиција, но и здруженија, интелектуалци и граѓани исто така излегувајаќи на свои протести покажаа дека не се задоволни од постојните политички блокови. Стојадиновиќ вели дека тие мора конкретно да ги пресликаат потребите на албанските граѓани.

„Да видиме кој е нивниот проблем и дали имаат заеднички проблем со Македонците, а секако дека имаат, корумпираноста на политичарите и како ќе се вклопат на политичката сцена, а македонската политичка сцена по овие протестите ќе биде далеку поразлична“, вели Стојадиновиќ.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG