Достапни линкови

Иран ќе ги тужи САД за замрзнатите средства


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека техеран се подготвува пред Меѓународнуиот суд на правдата да ја обжали одлуката на американскиот Врховен суд 2 милијарди долари ирански пари да бидат искористени за исплаќање на американските жртви во терористичките напади. „Нема да им дозволиме на САД лесно да ни ги голтне овие пари“, рече Рохани во телевизиското обраќање. Американскиот суд на 20 минатиот месец реши дека Иран мора да предаде скоро 2 милијарди долари од замрзантите средства на роднините на оние што биле убиени во напади за кои е обвинет дека ги организирал Техеран.

XS
SM
MD
LG