Достапни линкови

Германија го зголемува бројот војници


Германија за прв пат по обединувањето во 1990 го зголемува бројот војници, со што го завршува 25 годишното постојано намалување на нејзините сили по Студената војна. Во наредните седум години, според германската влада, војската треба да се зголеми за 14 илјади и 300 припадници. Образложено е дека овој потег е со оглед на сегашната ситуација поради порастот на тензиите со Русија, како и поради бројните мисии на германската војска во странство. Германија соопшти дека е подготвена да учествува во јакнењето на источното крило на НАТО на границата со Русија.

XS
SM
MD
LG