Достапни линкови

Доналд Трамп победи во уште две држави


Доналд Трамп, најверојатниот републикански кандидат за претседатeлската трка, победи на партиските избори во уште две американски држави, Западна Вирџинија и Небраска. Милијардерот Трамп стана најсериозен кандидат кога во минатата недела победи на партиските избори во Индијана по што и последниот негов ривал се откажа од трката за кандидат. Досега Трамп има добиено 83 насто од потребните 1237 делегати за да победи на републиканската конвенција во јули. Кај демократите Хилари Клинтон победи во Небраска додека нејзиниот опонент Берни Сандерс ја доби Западна Вирџинија. Како и Трамп, и Клинтон е фаворит да ја добие кандидатурата за претседателската трка во ноември годинава.

XS
SM
MD
LG