Достапни линкови

Повеќе пензионери отколку вработени во Дебар


Дебар

Дебар

Официјалните податоци покажуваат дека бројот на вработени и пензионери во Дебар е речиси ист, со блага предност за прензионерите. За да заживее градот, потребни се инвестиции.

Општина Дебар на економски план продолжува да стагнира. Според локалните економисти, немањето на поголеми производствени капацитети не дава можност за реализирање на поголем број на вработувања. Според една анализа направена од страна не невладини организации за состојбите со невработеноста и дефицитарните кадри, произлегува дека и покрај одредени вработувања кои се реализираат со проекти и мерки на Агенцијата за вработување сепак има голем број на невработени, а бројот на пензионерите е сличен со бројот на вработените.

Треба да се нагласи дека бројот на пензионерите е поголем од бројот на вработените.

„Врз основа на официјалните информации кои ги имаме добиено од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Дебар, заклучно со декември 2015 година, бројот на вработените кои плаќаат придонеси е околу 2100 вработени, а има уште околу 400 за кои не се плаќаат придонеси. Факт е дека има и нови вработувања, со проекти и мерки на владата има намалување на бројот на невработените. Но, треба да се нагласи дека бројот на пензионерите е поголем од бројот на вработените. Во општините Дебар и Центар Жупа има 2500-2700 пензионери“, вели Роланд Пахуми, познат економски аналитичар на дебарските стопански состојби, кој воедно е и претседател на регионалната комора на Македонија за регионот на Дебар, Жупа и Река.

Според него, овој регион на Македонија може да се развие само ако се градат стопански капацитети. Тој вели дека во минатото пропаднаа многу значајни фабрики кои како големи индустриски капацитети имаа голем број на вработувања. Со отворањето на пазарот треба особено да се искористи чистата животна средина и да се инвестира во земјоделието и туризмот.

„Економската состојба на Дебар не е во топ форма каква што била пред 20 години. Границата која е блиску, војните во регионот, го направија Дебар како неразвиен регион. На Дебар му се потребни големи производствени капацитети за да приопштат повеќе невработени лица. Исто така, потребно е да се инвестира поради здравата животна средина и во земјоделието и во бањскиот и планинскиот туризам. Без инвестиции нема развој на оваа неразвиена општина“, додава Пахуми.

Инаку во анализите на локалните економски експерти се вели дека без инвестиции на дебарските печалбари и иселеници од земјите на ЕУ и САД тешко дека општината може економски да заживее. Досега има одредени инвестиции од печалбарите и иселениците, но тие не се доволни.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG