Достапни линкови

Започна протестот пред СЈО, демонстрантите ќе маршираат до УЈП


Започна протестот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) од каде демонстрантите се упатуваат до Собранието, па кон просториите на Управата за јавни приходи (УЈП).

Тие денеска бараат одговорност за тоа што Македонија е сиромашна и пропадната земја, иако како се вели во најавата на граѓанското движење „Протестирам“ на социјалните мрежи, може да биде успешна економска приказна.

„Македонија е сиромашна земја затоа што ја владеат арамии кои го крадат јавното, го крадат она што е наше, ја крадат нашата иднина! Транзицијата ја опустпши македонската економија, а оваа влада ја дозакопа! Притоа, еден од главните проблеми е задолжувањето, нашето задложување, долгот кој ние ќе мора да го плаќаме, а кој расте се’ повеќе и повеќе“, се вели во најавата.

XS
SM
MD
LG