Достапни линкови

Во Авганистан спасен е синот на поранешниот пакистански премиер


Али Хајдер Гилани.

Али Хајдер Гилани.

Киднапираниот син на поранешниот пакистански премиер е спасен во Авганистан, во заедничка операција на американските и на авганистанските специјални сили.

Пакистанскиот министер за надворешни работи денеска соопшти дека Али Хајдер Гилани, синот на Јусаф Раза Гилани, е префрлен во Пакистан откако му биле извршени медицински прегледи.

За Гилани се вели дека е во добра здравствена состојба.

Мисијата на НАТО во Авганистан соопшти дека Хајдер Гилани бил спасен во источната провинција Пактика, а не во соседната Газни како што претходно беше наведено.

Авганистанското претседателство соопшти дека нападот бил насочен кон ќелија на Ал-Каеда.

Гилани на 9 мај 2013 година беше киднапиран од страна на осомничени талибански милитанти, во неговиот роден град Мултан, откако водеше кампања за изборите.

XS
SM
MD
LG