Достапни линкови

logo-print

Три лица загинаа во експлозија во Дијарбакир


Автомобил бомба погоди полициско возило во југоисточниот турски град Дијарбакир, при што загинаа три лица. Канцеларијата на гувернерот соопшти дека 45 луѓе, вклучително 12 полицајци се повредени во денешната експлозија.

Се уште никој официјално не ја презема одговорноста за нападот кој се случи во центарот на претежно курдскиот град.

Рано денеска беа убиени двајца полицијаци додека се обидуваа да деактивираат бомба поставена на пат во источната провинција Ван.

XS
SM
MD
LG