Достапни линкови

logo-print

Заев: Преговори кога ќе се укине аболицијата


Претседателот на СДСМ Зоран Заев тврди дека моментно нема преговори за политичката криза, туку билатерални разговори, но оти е апсолвирано дека не може и нема да има избори на 5 јуни.

„Преговори нема во моментов, има разговори, билатерални, ние со странците и другите претставници на четирите партии со нив. Тоа се случува зошто рековме преговори ќе има кога ќе се укине аболицијата и кога ќе се свика Собранието за да се одложат изборите се до исполнување на условите за одржување регуларни, фер и демократски избори“, рече Заев на денешната дебата „Плурализмот и политичката криза“ во организација на Цивил - Центар за слобода.

Заев информира дека и партиите и странските претставници повикуваат уставни експерти, правни експерти и дека од сите аспекти се изнаоѓаат решенијата.

„Во сите овие разговори последните денови, едно прашање е апсолвирано: На 5-ти јуни избори не може да има! И нема да има избори“, рече Заев.

Заев наведе дека е можно утре ВМРО-ДПМНЕ да поднесе листи, но оти избори на 5-ти јуни нема да има заради, како што рече, граѓаните и обезбедувањето услови за фер шанса за вредност на гласот.

Според Заев, Парламентот може да се свика во секој момент и дека тоа може да се направи ако најмалку пет члена на ДИК поднесат писмо со иницијатива до претседателот на Собранието Трајко Велјановски и да го информираат дека нема услови за регуларни избори со прочистен Избирачки список.

Притоа, посочи, да побараат да се промени Изборниот законик во неколку работи за избори кога ќе се одржат да бидат прво легални, а после легитимни. Воедно, како што додаде, треба да се воедначат изборните единици 6, 3 и 4, и да се промени Изборниот законик за давање можност за јавна објава на целиот избирачки список, а не само секој поединечно да се провери.

XS
SM
MD
LG