Достапни линкови

logo-print

ЕЦБ: Банките од еврозоната да направат детални планови за „Брегзит“


Европската централна банка (ЕЦБ) побара од големите банки од еврозоната да ги детализираат нивните подготовки за можниот излез на Британија од Европската унија, вклучително и за тоа како ќе се справат со шокот на пазарите и со сите промени коишто ќе треба да ги направат во нивните бизнис модели, пренесува Ројтерс.

ЕЦБ, која врши надзор на 129 банки од еврозоната, испратила писма до оние банки со најголема изложеност во Велика Британија.

Набљудувачкото тело ги зема во предвид акциите коишто одредени банки ги имаат во Британија и подготвува планови за сите можни сценарија.

Банкарската супервизија на ЕЦБ заедно со релевантните банки се ангажира за соодветна проценка на ризиците и за сите можни исходи“ соопшти портпаролот на ЕЦБ.

Британија е петта најголема економија во светот и втора во Европа. Многу банки од еврозоната имаат гомеми операции во Лондон, кој е меѓу најголемите банкарски инвестициски центри.

XS
SM
MD
LG