Достапни линкови

Обама ќе направи историска посета на Хирошима


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Американскиот претседател Барак Обама ќе направи историска посета на Хирошима, за време на патувањата во Азија кон крајот на овој месец.

Белата куќа денеска соопшти дека Обама ќе ја посети Хирошима заедно со јапонскиот премиер Шинзо Абе, како дел од патувањата во Јапонија и во Виетнам.

Целта на посетата на Обама е да ја потенцира посветеноста на спроведувањето на мирот и безбедноста во свет без нуклеарно оружје. Тој ќе учествува и на последниот Самит на Г- 7 во Јапонија.

XS
SM
MD
LG