Достапни линкови

logo-print

Напаѓачот од Минхен имал психички проблеми


Високи баварски безбедносни претставници соопштија дека истражителите немаат индиции дека, осомничениот за прободувањето на неколку лица на железничката станица во минхенското предградие Графинг, имал исламистички екстремистички мотив, пренесува АП.

Тие велат дека осомничениот имал психички проблеми и проблеми со дрога.

Баварскиот министер за внатрешни работи Јоахим Херман, по средбата во Кабинетот во Минхен, изјави дека 27-годишниот напаѓач го признал нападот, пренесува ДПА.

Тој истакна дека се уште се истражува дали нападот има политичка позадина.

Претходно, германската полиција соопшти дека на железничка станица во источен Минхен напаѓачот со нож прободел четири лица, убивајќи едно од нив.

Портпаролката на полицијата Михаела Гроб изјави дека човекот е уапсен, а обвинителството наведе дека човекот имал „очигледен исламистички мотив“, бидејќи некои од очевидците рекле дека извикувал „Алаху акбар“, што на арапски значи „Господ е голем“.

„Коментарите на напаѓачот на местотот на злосторството укажуваат на политичка мотивација – очигледно исламистички мотив“, изјави портпаролот на обвинителството: „се уште утврдуваме за какви коментари се работи.“

Тој додаде дека загинатотолице подлегнало на повредите добиени во нападот.

XS
SM
MD
LG