Достапни линкови

logo-print

Еврозоната ја олеснува грчката должничка криза


Министрите за финансии на земјите од еврозоната за прв пат расправаа за мерки за ублажување на големиот должнички товар на Грција. Министрите одбија да разгледаат директно намалување на грчкиот долг.

Проценето е дека долгот на Грција годинава би можело да биде 333 милијради евра што е околу 180 насто од нејзиниот бруто домашен производ.

Во исто време ММФ смета дека ќе биде многу тешко да се постигне суфицитот што странските кредитори го утврдија за Грција за да обезбеди натамошна финансика помош.

Земјите на еврогрупата досега одбиваа да расправаат за намалување на долгот додека не се изврши долго одложуваната ревизија на ефикасноста на Грција во спроведувањето на мерките за штедење за да добие нови 86 милијради евра од пакетот за помош одобрен лани.

Претседателот на еврогрупата Јерен Дијселбелм призна дека би било фер да се претпостави дека ќе се постави прашањето за одржливоста на долгот на Грција во наредните години.

„Ништо не е целосно договорено додека не е договорено. Значи дел од дискусијата во техничките групи, а потоа повторно во еврогрупата, ќе мора да биде анализата на одржливоста на долгот. Моја претпоставка е дека во одреден момент ќе имаме проблем со одржливоста на долгот“, рече тој.

Сега има повеќе играчи кои сакаат решение од играчи кои не сакаат решение. Тоа не значи дека сите несогласувања се надминати, имаме уште две недели да испегламе некои несогласувања.

Затоа министрите разгледале некои мерки како например подолг рок на отплата и поголеми грејс периоди.

Тој додаде дека се уште е рано да се каже дали овие мерки ќе бидат прифатени од ММФ и најави дека министрите ќе се состанат повторно на 24 мај.

Грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос по состанокот во Брисел изјави дека е уверен оти дотогаш ќе може да има договор за мерките за олеснување на долгот за Грција.

„Сега има повеќе играчи кои сакаат решение од играчи кои не сакаат решение. Тоа не значи дека сите несогласувања се надминати, имаме уште две недели да испегламе некои несогласувања“, рече тој.

Времето е од суштинско значење за премиерот на Грција Алексис Ципрас чија влада до јули треба да исплати долг од 2 милијарди и 300 милиони евра.

Ципрас ја поздрави одлуката на еврогрупата, наведувајќи дека таа е позитивна за инвеститорите, пазарот и грчкиот народ.

Еврогрупата се состана откако грчкото собрание ги одобри реформите во пензискиот и даночниот систем.

Овие реформи значително ќе го зголемат данокот на приходите и затоа наидоа на жесток отпор од синдикатите кои покренаа протести и штрајкови.

Грчката економија е во големи тешкотии по шест годишното намалување на буџетот што го бараа кредиторите за да се намали товарот на јавниот долг на таа земја.

На Грција и се неопходни кредити, бидејќи во 2010 година беше исклучена од меѓународниот кредитен пазар поради загриженоста на инвеститорите за нејзините јавни финансии. Околу четвртина од работната сила во Грција е невработена.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG