Достапни линкови

logo-print

Панама ја затвори границата за кубанците


Хуан Карлос Варела

Хуан Карлос Варела

Панама ја затвори границата за кубанците кои се обидуваат да емигрираат во САД, а оние што се наоѓаат на нејзина територија со авиони ќе ги превезува на американско максиканската граница. Претседателот Хуан Карлос Варела изјави дека трансферот со авиони на околу 3 илјади и 800 кубанци бил договорен со неговиот мексикански колега. Вашингтон прима кубанци ако успеат да стигнат до границата. Нивниот број значително се зголемил во последно време, бидејќи страхуваат дека со нормализацијата на односите меѓу САД и Куба ќе го изгубат повластениот статус на политички емигранти.

XS
SM
MD
LG