Достапни линкови

Убиен лидер на ИД во провинцијата Анбар


Абу Вахиб

Абу Вахиб

Соединетите држави соопштија дека висок воен лидер на милитантите на Исламската држава бил убиен во ирачката западна провинција Анбар. Станува збор за воздушен напад изведен од коалицијата предводена од Соединетите држави. Портпаролот на Пентагон Питер Кук прецизира дека бил убиен Абу Вахиб, како и уште четворица други кои се наоѓале во возилото погодено во нападот. Кук додаде дека Вахиб бил поранешен член на Ал каеда и оти се појавувал на снимките на кои милитантите прикажувале егзекуција на заложници.

XS
SM
MD
LG