Достапни линкови

Примирјето во Алепо продолжено за 48 часа


Примирјето меѓу владините сили и бунтовниците во сирискиот град Алепо, повторно е продолжено за 48 часа, до среда на полноќ, објави сириската војска. Ова е втор пат привремениот прекин на огнот, воспоставен во минатиот четврток со посредство на САД и Русија, да се продолжува во овој град, поделен на сектори под контрола на владата и под контрола на бунтовниците. Пред примирјето во бомбардирањата врз овој град за неколку денови загинаа скоро 300 цивили.

XS
SM
MD
LG