Достапни линкови

Времето денеска: сончево со локална облачност


Во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во попладневните часови повторно ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, особено повеќе во североисточниот дел на земјава. Преку денот ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 20 до 26 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

XS
SM
MD
LG