Достапни линкови

Тачи: Европа е следна дестинација на Косово


Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска по повод прославата на Денот на Европа изјави дека Европа е следната дестинација за Косово.

„Денеска, повеќе од кога било, граѓаните на Косово мора да запамтат на кои вредности се базира Европската унија и да се обврзат дека ќе ги прифатат тие вредности и принципи“, посочи Тачи.

Тој додаде дека постулатите како „обврзување на мир, економска соработка, слободна трговија, слобода на движење, владеење на правото во мултиетничко општество во кое никој не е дискриминиран и во кое сите се еднакви“ од ЕУ создале „најуспешен меѓународен проект, кој денес претставува пример за целиот свет“.

XS
SM
MD
LG