Достапни линкови

logo-print

Ердоган не планира планира предвремени избори


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не се согласува со одржување предвремени избори во земјата, изјави економскиот советник на шефот на државата, Јигит Булут.

Тој нагласи дека претседателот сака изборите да се одржат во редовниот термин, отфрлувајќи ги на тој начин шпекулациите дека Владата планира предвремени избори.

„Што кажа нашиот претседател додека беше премиер? Тој секогаш се залагал изборите да се организираат навреме. Неговото мислење не е променето, истакна Булут.

Минатата недела турскиот премиер Ахмет Давутоглу објави дека нема да се кандидира на вонредниот конгрес на владејачката Партија на правдата и развојот на 22 мај, што значи дека ќе се повлече од премиерската функција.

XS
SM
MD
LG