Достапни линкови

Иран спроведе тест на балистичка ракета


Иран соопшти дека успешно тестирале уште еден балистички проектил, последен од серијата тестирања по имплементацијата на нуклеарниот договор со светските сили.

Иранската новинска агенција Тасним денеска го цитираше заменик началникот на Генералштабот на Армијата - генералот Али Абдолахи како вели дека тестот на проектилот со дострел од 2.000 километри биле спроведен пред две недели.

Последните тестови на Иран беа силно критикувани од страна на САД и некои европски земји.

Иран соопшти дека не е прекршена резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, усвоена по нуклеарниот договор на Техеран со светските сили, според кој Иран се повикува да лансира никакви балистички проектили кои можат да носат нуклеарно оружје.

Иран негира дека нивните проектили се наменети да носат нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG