Достапни линкови

Спсени 74 бегалци на грчките острови Лезбос и Фармакониси


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Грчката крајбрежна стража спасила 74 бегалци и мигранти во последните три дена, јавува БТА.

Бегалците и имигрантите биле спасени при две операции на крајбрежната стража во областа на островите Лезбос и Фармакониси во Егејското Море.

Според последните податоци, бројот на бегалци и мигранти кои престојуваат во Грција изнесува околу 54 илјади, но генерално се оценува дека приливот нагло опадна како резултат на примената на договорот меѓу ЕУ и Турција.

XS
SM
MD
LG