Достапни линкови

Мицотакис: Грција тоне во „пропадната држава“


Грчкиот парламент го усвои пакетот финансиски реформи пред денешниот состанок на министрите за финансии на Eвропската унија за натамошната судбина на помошта за Грција. Гласањето беше проследено со протести на улиците на Атина против непопуларните реформи.

Левичарската влада се надева дека овие реформи ќе бидат доволни за да се уверат странските кредитори да ја профолжат помошта за Грција.

По дводневната вжештена дебата и протестите и штрајковите на синдикатите, коалицијата на премиерот Алексис Ципрас која има тесно парламентарно мнозинство, обезбеди доволно гласови за да помине пакетот остри реформи.

„Ние сме решени по секоја цена да направиме Грција да застане на нозе повторно и да се скрши оваа корупција која сите овие години и ја водеше земјатадо банкрот. И ние ќе го сториме тоа“, изјави во парламентот премиерот Ципрас.

Од 300 пратеници во парламентот само 153 та од грчката левичарска владејачка коалиција гласаа за кратење на пензиите и за зголемување на даноците.

Грција е дискредитирана врз дневна основа, поради вашата бавност, вашата неспособност, вашите измислици и вашите фиксации. Секој ден што останувате навласт, Грција, за жал, тоне се подлабоко во „пропадната држава“, бидејќи ја намалувате демократијата и ја загадувате политиката.

Сите опозициски пратеници гласаа против, а лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис остро ја нападна владата:

„Грција е дискредитирана врз дневна основа, поради вашата бавност, вашата неспособност, вашите измислици и вашите фиксации. Секој ден што останувате навласт, Грција, за жал, тоне се подлабоко во „пропадната држава“, бидејќи ја намалувате демократијата и ја загадувате политиката“.

Претходно грчката полиција упореби солзавец за време на протестите пред парламентот како одговор на тоа што протестантите почнаа да фрлаат молотови коктели.

Полицијата и протестантите ги продолжија судирите по улиците на Атина за време на заседавањето на грчкиот парламент. Во петокот во Грција беше организиран 48 општ штрајк.

Намалувањето на пензиите, едни од највисоките во еврозоната, е услов Атина да се квалификува за нова рата од меѓународната финансиска помош, во вредност од 86 милијарди евра на која се согласи пред една година со нејзините партнери во ЕУ.

Со Законот се зголемуваат придонесите за социјално осигурување и данокот на доход за високо платените, а се воведува и нова национална пензија.

Министрите за финансии на 19 земји членки на еврогрупата инсистираат на остри реформи со цел да бидат постигнати договорените фискални цели во 2018 година.

Новите мерки треба да бидат гаранција дека земјата доволно ќе заштеди за да се исполнат договорените 3,5 проценти буџетски суфицит во 2018 година.

Тоа пак, ќе помогне да се добие пристап на пазарот на обврзници и да се постигне одржливост на враќањето на долговите.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG