Достапни линкови

Грчкиот парламент го усвои пакетот реформи


Грчкиот парламент го усвои пакетот финансиски реформи пред денешниот состанок на министрите за финансии на европската унија на кој треба да се разгледа помошта што и е дадена на Грција. Од 300 пратеници во парламентот само 153 од грчката левичарска владејачка коалиција гласаа за кратење на пензиите и за зголемување на даноците. Сите опозициски пратеници гласаа против. Гласањето беше проследено со протести на улиците на Атина против непопуларните реформи. Притоа имаше и судири меѓу протестантите и полицијата.

XS
SM
MD
LG