Достапни линкови

logo-print

Кенијци победија на скопскиот маратон


Кенијските натпреварувачи Кириу Кипротич во машка и Гледис Џепкурио Бивот во женска конкуренција се победници на 12- тиот Виз Ер Скопски маратон, што денеска се одржа низ улиците на главниот град на Македонија.

Од македонските натпреварувачи во машка конкуренција најдобро пласиран беше Александар Кираџиев, кој го осови седмото место,а веднаш зад него се пласираа Ристе Лазаров , Муџаид Мислимовски и Игор Јанкуловски.

Во женска конкуренција најбрза Македонка беше Весна Кираџиева, која стигна до седмото место, додека Милена Чкрипеска се пласираше на осмата позиција.

Наградниот фонд за овој маратон кој е во покровителство на Град Скопје и Мисијата на ЕУ изнесува 17 илјади евра. Дел од учесниците на овој маратон носат натписи со знакот #Протестирам и транпаренти за поддршка на маратонците со натпис„ Трчај како да ја носиш веста дека Груевски е во затвор“и со дизајнирани маици од Шарената Револуција. Скопскиот маратон традиционално се организира по повод Денот на Европа.

XS
SM
MD
LG