Достапни линкови

logo-print

Оер е загрижена заради кризата во Македонија


Француската амбасадорка во СкопјеЛоранс Оер денеска изјави дека е загрижена од политичката криза во земјава и дека е потребно да се изнајде излезно решение.Таа истакна дека политичката криза ги загрижува сите. „Се прашуваме како на 5 јуни би имало избори кога условите се уште не се усогогласени помеѓу политичките партии, листите не се подготвени и навистина мора да се излезе од оваа криза,“ изјави Оер одговарајќи на новинарски прашања. Таа денеска ја посети Битола и француските гробишта каде што се одбележуваше 8 Мај, денот кога во 1945 година заврши Втората светска војна.

XS
SM
MD
LG