Достапни линкови

Ослободени тројца шпански новинари во Сирија


Тројца шпански новинари, кои пред 10 месеци беа грабанти во Сирија, вчера се ослободени, пренесоа светските новински агенции. Тројцата новинари Хосе Мануел Лопес, Анхел Састре и Антонио Памплиега,беа киднапирани во Алепо, во северниот дел на Сирија. Шпанската владасоопшти декаослободувањето на новинарите било помогнато од страна на пријателски и сојузнички земји.

Според шпанскиот весник „Ел Паис“, тие се наоѓаат во Турција и се очекува брзо да бидат вратени во Шпанија. Тие на 10 јули минатата година влегле во Сирија преку Турција и набрзо потоа исчезнале. Според информации на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права тројцата последне пат биле забележани на 13 јули во кварт на Алепо, контролиран од бунтовниците.

XS
SM
MD
LG