Достапни линкови

logo-print

Најмалку 50 луѓе загинале во Авганистан при сообраќајна несреќа


Најмалку 50 луѓе загинаа при сообраќајна несреќа во Авганистан кога патнички автобус се судрил со танкер со гориво на главниот автопат во источниот дел на земјата.Судирот се случил во раните утрински часови во провинцијата Газни, на главниот автопат кој го поврзува Кабул со Кандахар. Надлежните институции соопштија дека при сообраќајната несреќа биле повредени и десетици други откако по ударот се запалиле три возила. Полицијата смета дека несреќата настанала поради несовесно возење.

XS
SM
MD
LG