Достапни линкови

Убиени 8 полицајци во Египет


Непознати напаѓачи денеска убиле 8 полицајци во египетски град кој се наоѓа во близина на Каиро, јавуват светските новински агенции. Египетското министерство за внатрешни работи соопшти дека 4 вооружени напаѓачи со маски на лицето застанале полициски возило и отвориле оган со автоматско оружје при што ги убиле сите 8-мина во возилото. Екстремистичка група која е дел од Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во пишана изјава која беше објавена на социјалните мрежи.

XS
SM
MD
LG