Достапни линкови

logo-print

Ерменија и Азербејџан се обвинуваат меѓусебно за прекршениот договор


Ерменија и Азербејџан продолжуваат со меѓусебното обвинување за кршење на мировниот договор. Министерството за одбрана на Азербејџан ги обвини ерменските воени сили дека повеќе од 120 пати го прекршиле договорот во изминативе 24 часа целејќи кон азербејџанските воени позиции. Слично обвинување пристигна и од ерменската војска која тврдеше дека азербејџанските воени сили се виновни за прекршување на мировниот договор.

Ваквите обвинувања доаѓаат по договорот за прекин на огнот кој беше донесен на 5 април и во текот на изминатиов месец и двете страни се држеа до него.

XS
SM
MD
LG