Достапни линкови

Протести во Казахстан против приватизација на земјиште


Полицијата во Казахстан уапси над 20 луѓе на централниот плоштад во Аламати во обид да ги сузбие антивладините протести против приватизација на големо обработливо земјиште. Апсењата настанаа откако вчера се собраа десетици илјади луѓе на плоштадот, полицијата ги опколила со кордон, по што започна со апсење. Полицијата уапси и неколку активисти кои се движеа кон собирот. Тие беа накратко задржани во полиција, по што беа ослободени. Стотици луѓе од различни градови во изминативе две недели излегоа на протести незадоволни од одлуката на претседателот Нурсултан Назарбаев. Демонстрантите бараат да се направат измени на законот со кој се дозволува голема приватизација на државното земјоделско земјиште.

XS
SM
MD
LG