Достапни линкови

Шарената револуција стигна и до МРТВ


„Смрт за режимот, слобода за МРТВ“ пишува на големиот транспарент кој го носат демонстрантите кои со недели протестираат против политиките на власта. Тие и денеска се собраа пред канцеларијата на Специјалното јавно обвинителство за да изразат поддршка на оваа институција. И покрај дождливото време неколку стотини граѓани и денеска протестираат. Во фокусот на денешниот протест е Македонската радио телевизија. Демонстрантите ќе маршираат до зградата на јавниот сервис со цел да пренесат порака дека тоа треба да биде граѓански сервис кој треба да си ја исполнува својата работна задача на професионален начин, а не да задоволува партиски интереси.

Во последните денови протестот организиран од движењето Протестирам секој ден е фокусиран на еден проблем во општеството, па така се протестираше против корумпираното судство, пред Државната изборна комисија побараа слободен и достоинствен изборен процес, во четвртокот протестите пак беа посветени на првата годишнина од жестоките судири меѓу демонстрантите и полицијата, откако беше објавена опозициската бомба за убиството на Мартин Нешкоски, а вчера во фокусот беше корупцијата.

XS
SM
MD
LG