Достапни линкови

Техеран: Ирански војници загинаа во Сирија


Техеран соопшти дека неколку ирански војници се убиени во битки во близина на Алепо. Ова може да се каже дека е една од најголемите загуби на Иран откако започна сириската петгодишна војна каде што му одава поддршка на сирискиот претседател Башар Ал Асад. Според информациите на новинските агенции 13 ирански војници загинаа а 21 се повредени при судири со исламски бунтовници во област што се наоѓа на 15 километри југозападно од Алепо.

Претходно во текот на изминатава недела САД и Русија со заеднички напор успеаа да издејствуваат прекин на огнот во Алепо.

XS
SM
MD
LG