Достапни линкови

Пахор: Балканот е природен терен за проширувањето на ЕУ


Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска изјави дека Западен Балкан е „природниот терен“ за проширување на ЕУ и истакна дека, заради чувствителноста на регионот, процесот на проширување не треба да биде само технички процес, туку проширувањето подразбира и сериозен политички процес.

Во обраќањето на безбедносната конференција во Будва, Пахор кажа дека успехот во проширувањето зависи од посветеноста кон ЕУ и НАТО, како и од безрезервната посветеност на секоја земја во регионот кон решавањето на билатералните и мултилатераните прашања кои можат да го попречат успешниот тек на преговорите.

Пахор овој став го искажа на панелот на претседателите, на последниот ден од политичкиот и безбедносен форум во Будва, на кој учествуваа и претседателите на Хрватска и Црна Гора.

XS
SM
MD
LG