Достапни линкови

logo-print

Русија и Јапонија водеа „конструктивни“ разговори


Рускиот претседател Владимир Путин и јапонскиот премиер Шинзо Абе се сретнаа во руското црноморско одморалиште Сочи, каде оддржаа „конструктивни“ разговори за територијалниот спор околу остров, соопшти Кремљ.Станува збор за територијален спор кој потекува од период по завршувањето на Втората светска војна. Премиерот Шинзо Абе по средбата со претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека Москва предложи нов пристап кон решавање на проблемот на Курилските острови, соопшти јапонската агенција Кјодо.

Јапонското министерство за надворешни работи соопшти минатиот месец дека и двете земји се согласи за старување на преговори за разрешување на овој спор. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пак тогаш изјави дека Русија е подготвена да отиде чекор понапред во подобрување на односите но не подготвена да попушти во„ резултатот од Втората Светска војна.“

XS
SM
MD
LG