Достапни линкови

Насилни протести во Кашмир


Насилни судири избија меѓу полицијата и демонстрантите во областа под контрола на Индија при што загинаа тројца бунтовници. Портпаролот на индиската војска соопшти дека до престрелката дошло откако демонстрантите да го пробијат кордонот. Тој додаде дека демонстрантите им припаѓаат на бунтовничката група Хизбулах Муџахедини, најголема бунтовничка група во Кашмир. По престрелката жителите излегоа на протести и фрлаа камења по полицијата и војниците извикувајќи слогани против индиската власт.

Бунтовниците барат независност на Кашмир од Инидија или спојување со Пакистан кој го контролира другиот дел од територијата на запад.

XS
SM
MD
LG