Достапни линкови

МРТВ во фокусот на протестите вечерва


Активистите на #Протестирам на социјалните мрежи најавија дека вечерва протестот ќе започне пред СЈО во 18 часот а фокусот ќе биде ставен на јавниот радиодифузер. Демонстрантите ќе маршираат до зградата на јавниот сервиз со цел да пренесат порака дека тоа треба да биде граѓански сервис кој треба да си ја исполнува својата работна задача на професионален начин а не да задоволува партиски интереси.

„ Заедно со приватните режимски медиуми, МРТВ учествува во демонизирање на критиката и е комплетно посветена на промоција на корумпираниот режим на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Со пари на граѓаните креира розова слика за реалноста и го одржува режимот на власт“ е наведено во поканата за вечерашните протести.

Протестите како дел од таканеречената Шарена револуција трета недела ги одблежаа балоните со шарени бои и герила акциите кои се насочени кон институциите и објектите од Скопје 2014. На ваков начин демонстрантите изразуваат револт за лошиот начин на раководење на институциите, злоупотребите на власта, корупцијата, криминалот и финасиските малверзации.

XS
SM
MD
LG