Достапни линкови

Јункер: Миграциската криза е на „пресвртна точка“


Миграциската криза во Европа се наоѓа на „пресвртна точка", благодарение на договорот со Турција за запирање на илегалната миграција, кој ги покажува првите резултати, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за медиската група „Функе“.

Според договорот со ЕУ, Турција се согласи да помогне во одвраќањето на нелегалната миграција кон Европа во замена за забрзани преговори за членство, укинување на визите и финансиска помош.

„Договорот со Турција има ефект и бројот на мигрантите се намалува значително", додаде тој.

Јункер ја критикуваше одлуката за поставување ограда на грчко-македонската граница, додавајќи дека поставувањето огради воопшто во Европа, не може да придонесе за долгорочно решавање на миграциската криза.

XS
SM
MD
LG