Достапни линкови

logo-print

Прекин на огнот во Алепо


Руското министерство за одбрана соопшти дека привременото примирје во сирискиот град Алепо е продолжено на три дена за да се спречи влошување на ситуацијата. Прекинот на борбите во Алепо е дел од меѓународните напори за создавање услови за мировни преговори и разрешување на петгодишната војна во која загинаа над 270 илјади луѓе, а милиони се раселени.

Русија до неодамна му помагаше на својот сојузник Башар Ал Асад. Последниот дипломатски напор за создавање услови за мировни преговори и прекин на огнот беше предводен од САД и Русија.

XS
SM
MD
LG